Веле Самак: Македонија добива датум само ако отвори бегалски кампови

Ексминистерот Веле Самак итниот состанок на Европската Унија за новата криза со мигранти го оцени како обид за спас на германската канцеларка Ангела Меркел од кризата која се очекува набрзо повторно да го зафати европскиот континтент.

 

Самак вели дека на состанокот германската канцеларка побарала прифатни центри за мигранти во земјите од Балканскиот полуостров, конкретно Македонија, Албанија и Србија, а за возврат тие да добијат датум за почеток на преговорите со Унијата.

 

„ЕУ мини-самит за спас на Меркел ради мигранти: Меркел ќе бара азил- центри во Албанија, Македонија, Србија. За возврат почеток на преговори со Албанија, Македонија. Ради деликатноста со геноцидниот договор Македонија не се спомнува јавно“, напиша Самак на социјалните мрежи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien