ВИДЕО – Вработените во „Еурокомпозит“ повторно во штрајк, се чувствуваат изиграни од Владата

Вработените во „Еурокомпозит“ повторно стапија во штрајк. Велат дека нема повеќе да се вратат на работните места и да започнуваат со работа со ветување за плата, туку само ако конечно се реши проблемот со фирмата, затоа што се чувствуле изиграни од страна на Владата. За 4 месеци добиле само 17.000 денари плата. Исто така на почетокот од мај добија ветување дека во рок од 3 месеци целосно ќе биде решен проблемот со оваа државна компанија, но досега немало ништо и од тоа.

 

 

„Причина за стапување во овој штрајк беше тоа што ни го вети Владата, а не го исполни. Владата рече дека за 3 месеции ќе ни го реши проблемот, а од тогаш поминаа 2 месеци, а тие не се мрднати ниту со малиот прст. Требаше секој месец да земаме плата, а ние зедовме само 7.000 денари и во првиот месец требаше да заминат повеќе 100 вработени како технолошки вишок, а досега нема ниикој ниту заминато, ниту пак е започната таа постапка. Решени сме конечно застаниме, да не подлегнуваме со плати туку до конечно решение да не почнуваме со работа. Друга причина за овој штрајк беше тоа што претседателот на бордот на директори Тони Петрескил, заедно со претставникот на државниот капитал не сакаа да одржат собрание се додека не иим се исплати плата од 18.000 денари. Нив им исплатија плата од 18.000 денари, а ние за тие 18.000 денари како што оди работава треба да работиме 3 месеци“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.

 

Вработените велат дека планираат да одат со шатори пред Влада, но засега немале пари за тоа, најавуваат повторно блокирање на патот Прилеп-Скопје. Директорот пак на компанијата Златко Граороски не сакаше денеска да комуницира со медиумите.

 

„Да ни се исполнат нашите барања затоа што повеќе нема ефект да работиме. Со 6.000 денари ако може некој да преживее месечно нека повели, нека дојде и нека работи. Нашите барања се еднаш засекогаш да се реши статутот на фирмава и на вработените“, кажа Трајко Илиоски, вработен во „Еурокомпозит“.

 

„10 плати наназад, без штрајк плата не сме зеле. Конкретно за во среда сакаме да одиме со шатори пред Влада, но и материјлани средства немаме. Немаме пари да отидеме до Скопје. На сметката од синдикатот нема воопшто пари. Ќе бараме чаре со воз да отидеме. Оваа Влада посе изгледа нема слух. Додека бевме таму се ни ветуваа само да не избркаат. Еве 2 месеци откако бевме во Скопје со шаторите до денеска ама буквално ништо нема помрднато. Освен тие по 10.000 денари кои ни ги дадоа, а ни беше ветено секој месец доколку работите остатокот од платата ќе го покрива Владата се до излез од кризата. До денеска еден денар немаме добиено од Владата“, вели Цветан Бунтески, вработен во „Еурокомпозит“

 

Вработените во „Еурокомпозит“ немаат добиено 17 плати и придонесите не им се платени од јуни 2012 година.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien