Давид де Геа е единствениот голман кој се уште немал интервенција на Светското првенство во Русија од сите 33 кои учествуваат на турнирот откако се одиграа вторите натпревари.
Лидер во ова рангирање е Гиљермо Очоа (Мексико), кој има 14 спасувања.
Каспер Шмајхел (Данска) има 10, а Кејлор Навас (Костарика) – осум.
Најголема стапка на успех меѓу голманите има Фернандо Муслера (Уругвај), кој не дозволил гол во својата мрежа по одигрувањето на првите два натпревари, откако за 180 минути направил 6 одбрани.
Даниел Субашиќ (Хрватска), исто така, не прими гол 180 минути, но направи едно спасување помалку – 5.
109