Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби ривалите од групата на Светското првенство што во јануари следната година ќе се оджува во Германија и во Данска. Македонските ракометари ќе играат во групата Б во Минхен, задено со европскиот првак Шпанија, Хрватска, Исланд, Брунеи и Јапонија.
Во А групата во Хамбург ќе играат: Франција (светски првак), Русија, Германија (ко-домаќин), Србија, Бразил и Јужна Кореја.
Дуелите од Ц групата ќе се играат во Хернинг, а составот е: Данска (ко-домаќин), Норвешка, Австрија, Тунис, Чиле и Саудиска Арабија.
Д групата ја сочинуваат: Шведска, Унгарија, Катар, Аргентина, Египет и Ангола, а натпреварите ќе се играат во Копенхаген.
Светското првенство на програмата е од 9 до 27 јануари, а натпреварите ќе се играат во Берлин, Минхен, Копенхаген и Хернинг. Финалниот натпревар е закажан за во Хернинг.