На Светското првенство во Русија досега видовме многу пенали, поточно 13, а токму толку биле досудени на целото светско првенство пред четири години во Бразил.
На овие резултати влијаеше видео-технологијата по кој беа досудени и некои од пеналите, а еден досуден пенал, за Бразил против Панама, беше поништен после ВАР снимката.
„ФИФА е задоволна со досегашното ниво на судење и успешната помош од ВАР-системот. А тоа позитивно е прифатено во фудбалската заедница. Среќни сме што е така“, кажа Џовани Марти.
На Светското 2002. година во Јапонија и Јужна Кореја имаше 18 пенали, а со ритамот кој е започнат во Русија во пресрет на третото коло од групната фаза можно е наскоро да биде надминат тој рекорд.
До крајот на првенството нè очекуваат многу возбудувања и јасно дека ќе имаат уште многу работа судиите.