„Jurassic World: Fallen Kingdom“ е на врвот на боксофисот

Со заработка од огромни 150 милиони американски долари во првиот викенд од прикажувањето, „Jurassic World: Fallen Kindgom“ ја остави зад себе конкуренцијата и се искачи на првото место на светскиот боксофис.
„Jurassic World: Fallen Kingdom“ доби прилично лоши критики од филмските критичари, но тоа не ги спречи луѓето да одат во кино и да го гледаат овој спектакл со диносауруси.
Новиот филм од франшизата „Jurassic Park“ и немаше така тешка задача да се искачи на самиот врв на боксофисот, откако беше очигледно дека „Incredibles 2“ нема повеќе сила да остане уште еден викенд на врвот. Од сите филмови во Топ 10 листата, само „Jurassic World: Fallen Kingdom“ беше новитет, додека останатите 9 филма беа дел од боксофисот и во претходните неколку недели.
Изненадувачки силно се држи „Deadpool 2“, кој иако е веќе подолго време во киносалите, сепак останува на петтото место на боксофисот, со само четири филмови со поголема заработка од него. Веќе на раб на испаѓање од Топ 10 листата е „Avengers: Infinity War“, кој се наоѓа во елитното друштво уште од 23 април, денот кога ја доживеа премиерата.
Ова е комплетната листа на 10 филмови со најголема заработка викендов:
1. Jurassic World: Fallen Kingdom – 150 милиони долари
2. Incredibles 2 – 80,9 милиони
3. Ocean’s 8 – 11,6 милиони
4. Tag – 8,2 милиони
5. Deadpool 2 – 5,2 милиони
6. Solo: A Star Wars Story – 4 милиони
7. Hereditary – 3,8 милиони
8. Superfly – 3,3 милиони
9. Avengers: Infinity War – 2,4 милиони
10. Won’t You Be My Neighbor – 1,8 милиони

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.