„Мамути“ на чекор од искачувањето на највисокиот врв во Европа“

Двајцата членови на планинарскиуот клуб „Мамути“ од Прилеп, Маријана Ѓорѓиевска и Владимир Јованоски се на чекор од искачувањето на највисокиот врв во Европа – Елбрус во Русија. За Инфо Компас изјавија дека денеска имале лесно аклиматизационо искачување до врвот Пикет 11 кој се наоѓа на 3.370 метри надморска височина.

 

„Групата се состои од 23 члена, 15 машки и 8 женски, ги има од скоро сите ех ЈУ простори. Ние сме 4 Македонци. Вчера во 14 часот по локално време стигнавме во Терскол и се сместивме во хотел на 2.200 мнв. Утре заминуваме со жичара на 3.800 мнв во домот Гарабаши, каде повторно ќе работиме на аклиматизација. Од таму ќе започне искачувањето на највисокиот врв во Европа, Елбрус. Времето моментално е врнежливо и магловито се надеваме дека на 01.07 ќе ни се отвори прозорец и ќе ни се даде шанса за крајното искачување“, велат од „Мамути“ за Инфо Компас.

 

Инаку Елбрус е заспан вулкан во западниот дел на планинскиот венец Кавказ, Русија, во близина на границата со Грузија. Врвот на Елбрус е највисок во Кавказ и во Европа, за малку надминувајќи ги венците Демавенд ии Алборз во Иран. Западнииот врв на Елбрус е висок 5.642 метри, а источниот е малку помал 5.621 мнв.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи