Бан Ки-мун: Се надевам набргу конечно ќе се затвори спорот меѓу двете земји

Охрабрувачки е фактот што се постигна решение, но загрижувачки е фактот што постои незадоволство кај граѓаните, вели поранешниот генерален секретар на ОН, Бан Ки-мун, во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

 

Тој изразува надеж дека што е можно поскоро ќе има дефинитивно затворање на долгогодишниот спор меѓу двете земји.

 

„Сметам дека е многу охрабрувачки фактот што и двете страни се согласија да го решат долгогодишното прашање за името. Во исто време, исто така, сум загрижен за фактот што постои некакво незадоволство кај граѓаните. Искрено се надевам дека прашањето за името можно е поскоро, дефинитивно ќе се реши“, вели поранешниот секретар на ОН.

 

Бан Ки-мун додава дека прашањето за името било пречка за продлабочување на соработката на двете земји, но и ги „спречувало да ги прошират односите на соработка, не само со Европејците, туку и со другите земји, а се разбира и со Обединетите нации”.

 

„Навистина се надевам дека ќе го направат последниот чекор“, додава Мун

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.