Столтенберг: Вратата на НАТО е отворена, вие сте на потег

Facebook
Twitter
Email
Print

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, по средбата во новиот штаб на НАТО со македонскиот премиер Зоран Заев, рече дека на Самитот за две недели Македонија ќе добие покана за членство, но таа ќе се ефектуира само и само ако се реализира во целост Договорот со Грција, вклучително и референдумот.

 

„Очекувам на самитот за две недели да бидете поканети на разговори за пристапување, а по финализирање на договорот, да влезете во НАТО. Без финализирање, не можете да го сторите тоа. Вратата на НАТО е отворена, не ја испуштајте оваа можност. Навистина се надевам дека народот на вашата земја ја гледа оваа историска можност. Ако оваа можност се одбие, тогаш тешко е да се замисли кога ќе бидете толку блиску до НАТО. Останува луѓето да одлучат“, рече Столтенберг.

 

Премиерот Заев кажа дека е задоволен од развојот на настаните, и смета дека сега, со покана за челнство во НАТО и отворен пат за ЕУ, гражаните има околу што да се обединат.

 

„Го видовме местото каде треба да биде подигнато нашето знаме како 30-та членка на Алијансата. Тоа го чекаме од 2008 година кога беше констатирано дека ги постигнавме стандардите… Остануваат нашите домашни задачи, но сега имаме околу што да се обединиме на широкиот автопат и да кажеме „да“ заради нашата иднина, нашата држава и идните генерации. Искуствата велат дека земјите членки н НАТО се силни промотори на економскиот раст. Благодарност до Столтенберг и нашите сојузници кои се подготвени да ја имаат како 30 членка на НАТО нашата земја“, рече Заев.

 

Ако земјите членки ги потврдат очекувањата на Столтенберг, по заокружувањето на пристапните преговори ќе биде потпишан Протокол за пристапување кој потоа треба да биде ратификуван од  парламентите на сите земји членки на НАТО. Ратификацијата појаснуваат од алијансата трае вообичаено повеќе од една година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи