Над 300 учесници денеска беа дел аутдор фестивалот „When in Krusevo“ кој се организира по втор пат. Фестивалот е замислен како спој на забавата, спортот и културата. Денеска се одржаа 4 рекреативни тури, две планинарски и две за планински велосипедизам, долги 40 и 20 км. Учесниците исто така имаа можност да уживаат и во концертите и посетата на музеите. Вчера фестивалот го отворија Игор Џамбазов и Гуру Харе.
Организаторите очекуваат над 2.000 посетители на концертните активности . Попладнево има активности и на крушевското езеро како кајакарење, јога, кидс корнер за сите деца. За утре пак се предвидува одржување на планинска трка долга 22 км, и промотивни тандем летови со параглајдери на Мечкин Камен.
Погледнете каква беше атмосферата денеска во Крушево.