ВИДЕО – Како изгледал Прилеп во 1959 година – „Прилеп, вчера и денес…“, краток документарец

Краткиот документарец за Прилеп од 1959 година со времетрање од 12 минути е насловен како „Прилеп, вчера и денес…“. Филмот е снимен во стандард техника, со звук, во боја и 35 мм. Производство: Вардар филм – Скопје. Содржина: Филмско-фотографски колаж на градот под Марковите кули, неговата историја, развој и современиот културен и стопански растеж по ослободувањето, сето тоа проследено со стиховите на Рацин и на Конески. 

Награди: 1959 година, ФЈДФК, Белград, Втора награда за сценариото на Боро Чушкар, Јован Поповски и Кочо Недков.

 

АВТОРИ :

Режија: Недков Кочо
Сценарио: Билбиловски Киро , Недков Кочо , Поповски Јован , Чушкар Боро
Монтажа: Личеноски Вељо
Музика: Бељан Андреј
Тон: Паковски Глигор
Соработник: Солунски Коце
Асистент снимател: Петровски Иван
Организатор на снимање: Теофиловски Ристо – Риџвеј

 

ДРУГИ СОРАБОТНИЦИ :


Текст: Србо Ивановски
Стихови: Кочо Рацин; Блаже Конески
Текстот го чита: Иван Антонов

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи