Со спектакуларен огномет во Американската амбасада во Скопје вечерва беше одбележан 4 јули, Денот на независноста на САД. Годинава одбележувањето беше во знакот на џинсот како автентичен американски производ и бренд кој опстојува од 19 век, како и сината, белата и црвената боја, кои го симболизираат американското знаме.
На прославата беа присутни премиерот Зоран Заев, министри, пратеници, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, речиси целиот тим на СЈО, судии, обвинители, новинари, амбасадори…
„Народите на нашите две земји ја делат желбата за успех затоа што напорно работат без оглед кои се нашите семејства и кого го познаваме. Сакаме нашите закони да создадат еднаков амбиент за сите и сакаме нашите деца и внуци да го уживаат животот полн со можности, слобода и мир“, порача амбасадорот Бејли.
Прославата заврши со огномет и со желба за одлична соработка и во иднина меѓу Македонија и Америка.