ВИДЕО – Продолжуваат протестите на Еурокомпозит пред Влада и на патот Прилеп-Скопје

Вработените во Еурокомпозит кои веќе втор ден протестираат со шатори пред Владата не се согласуваат со нејзината одлука „Еурокомпозит“ да побара позајмица од ЕЛЕМ и од МЕПСО од по три милиони денари или вкупно шест милиони денари, од кои три милиони ќе бидат се наменети за линеарна исплата на примања за вработените, 30 % за набавка на репроматеријали, а остатокот пак од парите да биде насочен за тековно одржување фабриката. Велат дека со тоа ќе им се исплати само една плата, што воопшто нема да го реши нивнииот проблем.

 

Вработените кои останаа во Прилеп денеска го блокираа патот Прилеп-Скопје и тие велат дека нема да прекинат штрајкот се до целоснa исплата на сите заостанати плати и придонеси. Сметаат дека Владата ги лажи дека проблемот ќе им се реши за брзо време.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи