Втор креативен пазар и прво книжевно саемче во организација на Јавен Простор Прилеп

Јавен Простор Прилеп, во соработка со Издавачката куќа ВОСТОК, денес го организираа првото прилепско книжевно саемче. Сите изданија на ВОСТОК посетителите можеа да ги купат по промотивна цена од 200 ден. ВОСТОК е основана во 2015 година во Битола. Нејзини основачи и уредници се македонските автори Михајло Свидерски и Славица Гаџова Свидерска и истите беа пристутни на малиот книжевен саем.

 

Издавачката куќа е ориентирана кон издавање книжевни дела со високи естетски вредности, од современи и класични автори. Нивната мисија е подобрување на книжевниот вкус во македонскиот културен простор преку објавување на преводна и домашна литература што оставаат траен белег во цивилизациската и културната меморија.

 

„Истовремено се одржа и вториот креативен прилепски пазар, кој буди се поголем интерес кај граѓаните. Целта на овој пазар е взаемнотото запознавање на луѓето што творат/произведуваат и нивно претставување на локалната јавност; поддршка на локалната економија и создавање на алтернативно катче за размена на идеи, искуства и производи“, вели организаторот Звонко Димоски.

 

На вториот креативен пазар, освен старите учесници се појавија и неколку нови. Јавен простор посебно сака да се заблагодари на своите волонтери, на околните дуќанчии за разбирањето и на денешните учесници: Ѓорѓи Десподов, УрбанЕра, Марина Ѓореска, Даци Велкоска, Стевија и НИКА (природна козметика), Ивана Секулоска, Марина Конеска, Дарко Талески, Ферди Булит, Димитринка Т. Костоска и Кока Кока.

 

 

ФОТО ГАЛЕРИЈА :

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи