Активисти бараат од Памплона да ја укине крвавата трка на бикови

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Повеќе од 100 активисти, кои се залагаат за правата на животните, бараат да се стави крај на бруталноста кон животните. Нивното барање е пред одржување на познатиот фестивал Сан Фермин во Памплона.

 

Активистите од организацијата „Луѓе за етички третман на животните“ (ПЕТА) и шпанската група „Животни натуралис“, облечени во црно, а некои имаа маски со бикови направени од картон, носеа транспаренти со напис „Стопирајте ја крвавата трка на бикови“.

 

Трката на бикови по улиците од калдрма во Памплона е главна атракција на фестивалот кој почнува утре и трае до 14 јули.

 

Шест бикови учествуваат во утринските трки и потоа околу 20 часот се убивани во коридите, а телевизиите го пренесуваат настанот.

 

Околу милион посетители, што е петпати повеќе од бројот на жители кои живеат во Памплона, се очекуваат во текот на фестивалот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи