ВИДЕО – „Паметните кукли“ може да ве шпиунираат дома, не се знае дали се увезени во Македонија

Се уште e непознато дали т.н. „паметни кукли“ кои може лесно да бидат хакирани и преку нив да бидете прислушувани или следени се увезени во Македонија. Од Организацијата на потрошувачи на Македонија предупредуваат и за детските часовници со ГПС уред со кој родителите ги следат своите деца, а кои исто така се подложни на хакирање и освен родителите може и некој друг да го следи вашето дете. На денешната трибина во Прилеп беше констатирано дека граѓаните се малку запознати со безбедноста на производите ги користат и имаат поплаки во голем број сфери.

 

 

„Најчесто имаме поплаки кај јавните услуги, од услугите, меѓу кои иисто така и кај туристичките услуги, потоа имаме многу поплаки од доменот на гаранцијата, телекомуникациските услуги каде се губи сигналот. Многу брзото расипување на производите, дали е смислено или не од самите производители. А најнови се куклите кои се шпиунски кои може се да гледаат дома, доколку имате ваква кукла внимавајте да не се најде во вашиот дом, затоа што таа ве набљудува во вашиот дом“, вели Маријана Лончар Велкова, претседател на Организација на потрошувачи на Македонија.

 

На трибината стана збор и за безбедноста на храната и производите кои доаѓаат во допир со храна, а кои пак може истата да ја направат небезбедна за конзумирање.

 

„Во 2016 година беа уништени во количина од 5.000 кг. производи и материјали кои доаѓаат во контакт со храната. Од која количина 4.200 кг. беше машини за производство на храна, а останатите отпаѓаа на прибор, како лажици, виљушки, чаши. За 2018 година последна информација е повлекување од продажба на златни лажици“, кажа Ката Стојановска, раководител на одделение за заштита на потрошувачи во АХВ.

 

Во 2017-та немало уништени производи и материјали поврзани со храната.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien