Вработените во Еурокомпозит го прекинаа штрајкот пред Влада

Вработените во Еурокомпозит го прекинаа штрајкот. Ја прифатија понудата на владата, до следниот петок да им се исплатат две полни плати или по 30.000 денари, како технолошки вишок да се прогласат околу 130 работници и да им се обезбеди репроматеријал за континуирано производство.

 

На средбата со вицепремиерот Анѓушев, вработените и синдикатот на СИЕР добиле уверување дека трајно решение за загубарот Еурокомпозит брзо ќе се најде и дека ќе се исполнат барањата на работниците за исплата на 18 заостанати плати и продонеси за изминатите 6 години.

 

Ќе се одело со модел сличен на Фени со план за реорганизација, за купување на Еурокомпозит биле заинтересирани неколку фирми.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien