Пратениците ќе патуваат со намалени патни трошоци

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on email
Email
Share on print
Print

Патните трошоци да се намалат од 30 на 20 проценти надоместок, или пратениците да живеат во Скопје под кирија додека одат на работа – ова се двете опции кои можат да ги изберат пратениците кои живеат во внатрешноста, откако Комисија за политички систем во Собранието едногласно го усвои предлог-законот за намалување на надоместокот кој пратениците го земаат за патни трошоци.

 

Доколку тие изберат да закупат стан, тогаш ќе имаат право на надоместок за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите. Ова се измените за предлог-законот за пратеници кои беа донесени со едногласна одлука.

 

„Пратениците ќе можат да се одлучат дали да патуваат од родното место до Собранието на Република Македонија,  со 20 проценти рефундација на цената по литар гориво за километар  и доколку ја прифатат мора да ја практикуваат до крајот на нивниот мандат,  или како втора опција да се определат за закупнина за стан. Контролата  се врши така што секој пратеник  ќе мора да приложи фискална сметка за горивото, но и за патниот налог односно за патарините“, вели Александар Кирацоски-претседател на Комисијата за политички систем

 

Со новите законски измени, според власта  целта е да се намалат трошоците и да се намали злоупотребата од страна на народните избраници.

 

Измената дојде откако јавноста жестоко реагираше на сумите кои ги земале пратениците за патни трошоци.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи