Во акција на шпанската полиција и Интерпол разбиена е криминална мрежа, која дејствуваше од Кавказ до Шпанија и Франција, при што се уапсени 129 лица.
„Уапсените, воглавно Американци, се сомничат за кривични дела поседување на оружје и кражба на накит“, соопшти денеска Интерпол.
Тоа е една од поголемите операциии во Шпанија, при што е извршен претрес во повеќе од 70 локации, а осомничените се уапсени минатата недела во Шпанија и во Франција.