ВИДЕО – Ќососка : ВМРО-ДПМНЕ пренесува лажна слика за работењето на ЈКП „Пазари“ Прилеп

Наводите за работата на ЈКП „Пазари“ коишто ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе на денешната прес конференција, претставуваат манипулација и лажна слика за работењето на претпријатието. ВМРО-ДПМНЕ без нималку срам се однесува како да во изминативе 12 години биле опозиција и како да не раководеле со јавните комунални претпријатија и Локалната самоуправа. Рече на денешната прес конференција Весна Ќососка, в.д. директор на ЈКП „Пазари“ Прилеп, како реакција на прес конферецнијата на О.К. ВМРО-ДПМНЕ Прилеп дека во ЈКП „Пазари“ се работи катастрофално и недомаќински.

 

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

За крајното недомаќинско однесување на Димоски и екс градоначалникот Ристески,  зборува и фактот што два пати го продаваа поранешниот Млечен пазар, и го оставија претпријатието без дуќаните од кои остваруваше приход.

 

Одземен ни е сточниот пазар без надомест за кои беше подигнат кредит од 4.000.000. денари и додатни трошоци за негово уредување. Исто така одземен ни е и просторот за продажба од камиони каде што е изградена катната гаража што преставуваше голем извор на приход. 4 пати беше препокриван пазарот и на крај го оставија недопокриен. Таквото безредие и незаконско менаџирање со претпријатието и општинскиот имот, се провлекуваше со години и остана слика за безредието на ВМРО-ДПМНЕ, со коешто сега се занимаваат надлежните институции.

 

Наспроти сето ова, како нова локална гарнитура  на ЈКП „Пазари” работиме одговорно и домаќински во интерес на претпријатието и интересите на граѓаните… А сега ке ви ја презентирам финансиската состојба за првото тромесечие. Од доставениот тромесечен извештај за финансиското работењекој е објавен на ЊЕБ страната од ЈКП Пазари Прилеп се гледа дека приходот од редовно работење за 2018 година изнесува 2.764.089 денари, а за тој период од 2017 година 2.873.167 денари од редовно работење.

 

Приходот од 2.000.000 денари се од доделени субвенции за 2017 година.Во тоа и се однесува разликата на приходите. Ако го погледнете табелераниот преглед на расходите ке видите дека сите трошоци се помали во однос на истиот период од 2017 година. Под р.б. 9 од табеларниот преглед на расходите : ПТТ трошоци и телефони за жал се поголеми од минатата година  поради штетниот склучен договор во 11/2017 од екс директорот Пецо Димоски, што мора да го почитуваме до истекот на договорот.

 

Под р.б. 14 плата и надоместоците од плата за оваа година изнесуваат 2.370. 359 ден. за 27 вработени, а 2.168.532 за 24 вработени во 2017г. Под ред.бр. 25 – интелектуални услуги се по договор од 2017 склучен од претходниот директор со вазност до 15.05.2017 во изност од 53.874 денари, за што накадно по договор од минати години за ненавремено плакање добивме и к.л.на износ од 34.000 денари. Под реден број 31 – Тросоци од мин.год во износ 96.663 ден. Што значи расходите за 2017 година треба да се зголемат за овој износ , а да се намалат за 2018 година. Под реден број 33 – Поголема ставка претставува и тросоци за вработените по спогодба, а се однесува за ненавремено исплатени К-15 од минати години и јубилејни награди кои во согласност со вработените за да недојде до не ликвидност на фирмата потпишнаи се догови за исплата на рати.

 

Од гореизнесеното произлегува дека за овој период ЈКП Пазари од сопствените приходи и приказаните расходи има реален негативе резултат од 747.610 денари. А за овој период лани загуба од 676.029 денари без субвенциите како приход. Мислиме дека не треба да е човек економски експерт да ги разбери податоците. Морам да нагласам дека овие податоци се пресметковна категорија . Би сакала да ве известам за реалната финансиска слика на ЈКП пазари .

 

При примопредавањето наследени се : две неисплатени плати за вработените, неисплатено К-15 за 2017 г. и новогод, надомест за кои сме обврзани по Колективен Договор. Обврски према добавувачите 2.500.000 ден.и неисплатено ДДВ од 1.745.000 ден и нула денари состојба на ж.с-ка. Во 2017 год. исплатени се од ЛС во целост субвенции од 4.000.000 денари.а од страна на директорот Пецо Димоски не се исплатени во целост обврските кон добавувачите по однос на субвенциите. Во однос на позитивниот финансиски резултат за 2017 година ги повикуваме ВМРО-ДПМНЕ да повика надлежни институции за исправноста на работењето во ЈКП Пазари, и покажаниот резултат за сто се  исплатени 150.000 денари на име данок на добивка.

 

За проектите што се превземени од претходното  Раководство , кое толку многу беше спомнеувано на седницата на советот можеме накнадно да ве известиме што е направено и колку е потрошено од проектите. Деловниот простор што се наоѓаат од левата и десната страна на административната зграда беја срушени среде лето во 2016 година при што ЈКП Пазари трпеше штета од неземена кирија. За реновирање на истите дуќани исплатени се големи средства а после нивната не се во целост издадени. Доколку ВМРО ДПМНЕ има економски стручњак со овие приходи и овие услови да покажи позитивен финансиски резултат нека го стори истото.

 

За време на седницата на локалната самоуправа при усвојувањето на тимесечен извештај за пофалба е забелешката на советничката на ВМРО ДПМНЕ , која рече дека е економист и дека реално се гледа од изложеното дека е потребно трајно решение за проблемот во ЈКП Пазари. Субвенциите се за моментално да се избегне пропашањето на ЈКП Пазари.

 

Истото и ние тоа го побараме од ЛС.како наш основач како се што ни е одземено без надомест  од предходната гарнитура да изнајди начин со што ќе ни обезбеди редовен приход за нормално работење.  Во тој случај не би млале потреба од субвенции. За подобрување на финасиската состојба во ЈКП Пазари од наша страна доставено е до Советот  барање за субвенции што е и  усвоено во ребалансот.

 

По добивањето на средствата ке бидат подмирени обврските кон добавувачите и кон УЈП. Моменталната состојба на жиро сметката  е 351.185 денари. Во однос на враборувањата во 2017 година вработени се 2 лица и според план за вработување изработен во 2017 година предвидено е едно ново вработување за 2018 година и истото е реализирано.

 

Напомениваме дека до 12.07.2018 никој нема добиено отказно решение во ЈКП Пазари. Од горе изнесеното може да се види дека изнесеното на прес конференцијата на ВМРО ДПМНЕ е срамна манипулација.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи