Мицкоски: Ни датум за преговори со ЕУ, ни безусловна покана за НАТО – имаме неспособна влада

Facebook
Twitter
Email
Print

Претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку видео обраќање повика на протести в недела во Каварадци, против владината политика.

 

Тој потенцираше дека „Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО, а нема затоа што имаме неспособна влада“.

 

„За власта зборот, не е збор, ниту делата реалност. Нема ниту датум за преговори со ЕУ, ниту безусловна покана за НАТО. А нема затоа што имаме неспособна влада. Мора да престанат поразите, а одговорот за тоа е секој еден од вас. ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се бори со сите свои сили против ова зло кое што го живее секој еден граѓанин. Затоа и ќе продолжиме да протестираме и ве повикувам оваа недела во 13 часот во Кавадарци на протестен марш“,  рече меѓудругото Мицкоски.

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека претходно тогашната опозиција без колебање ги злоупотребувала семејните и личните трагедии само за да дојдат на власт, а сега откако се на власт молчат за неправдите.

 

„Кога доаѓаа на власт беа најгласни дека додека немало правда, немало мир, не се колебаа да ги злоупотребат семејните и другите лични трагедии. И не им беше тешко да уриваат, да уништуваат. Да деградираат цел еден систем. Отровот кој се посеа во општеството предизвика омраза, завист и нетрпеливост. Ветуваа чуда, а сега кога се на власт молчат за неправдите, ладнокрвните убиства ги третираат како статистичка евиденција во црните билтени, за владата тоа се обични насилства, а не свирепи убиства“, изјави Мицкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи