Пронајден францускиот турист кој се загуби на Пелистер

Планинари спасувачи од Дирекцијата за заштита и спасување-Битола успешно ја завршија неколкучасовната потрагата по турист од Франција кој вчера залутал низ моликите на планината Баба.

 

Гостинот од Франција на возраст од околу 23 години, престојувал во Битола, а викендот го искористил за планинарење, но се загубил во пределот под врвот Пелистер, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола.

„Потрагата по момчето ја почнавме веднаш по пријавата дека не контактира со своите домаќини. Го пронајдовме околу полноќ во непосредна близина на Мало Езеро, под антената на Пелистер, благодарение на телефонот кој го носеше со него. Момчето беше вознемирено, уморно и уплашено. Го прифативме, му дадовме вода и храна, а од денес повторно е со своите пријатели на гости во Битола“, изјави Петар Нолев, член на тимот спасувачи од Битола.

 

Спасувачите вчера мораа да ја напуштат крштевката на ќерката на Нолев за да тргнат во потрага по загубениот странец.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien