Пронајдено досега непознато сценарио за филм, напишано од Кјубрик

Сценарио напишано од Стенли Кјубрик и неговиот соработник Калдер Вилингам во 1956 година, под наслов „Burning Secret”, е пронајдено сосем случајно од страна на Британската филмска академија, при собирање податоци за класиката на Кјубрик, „Очи широко затворени“.

 

Се работи за адаптација на романот „Пламена тајна“ на Стефан Цвајг од 1913 година, кој Кјубрик никогаш не го преточил во филм.

 

„Текстот е на над 100 страници, и е завршен. Има почеток, заплет и крај. И, не сме сигурни дека ова е единствено досега непознато сценарио на Кјубрик“, изјави Нејтан Ејбрамс, професор на велшкиот Бангор Универзитет.

 

Новопронајденото сценарио е од времето кога бил релативно непознат, во период кога само што го завршил „Убивање“, неговиот крими-трилер. Студиото МГМ наводно го прекинал финансирањето на „Вжештена тајна“ кога се дознало дека тој работи истовремено и на „Патишта на славата“ за друг продуцент, што претставувало прекршување на договорот. Можно е и нарацијата која вклучувала дете кое се наоѓа среде приказна за прељуба да била оценета како преризична.

 

Инаку приказната веќе еднаш е преработена во филм, во 30-те години на минатиот век.

 

Кјубрик има направено 13 играни филмови, од кои најпознат е научно-фантастичната „2001: Одисеја во вселената“ , оценет како еден од најдобрите филмови на сите времиња.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи