Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации добила печатницата „Гинис“ од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ. Парите им биле доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб. Во изводот во Централниот регистар пишува дека станува збор за друштво со ограничена одговорност за производство, промет и услуги, со основна главнина од 5 милиони и 43 илјади денари.
Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст. Осумдесет домашни микро, мали и средни компании добија грантови преку мерките од третиот столб на владиниот план за економски раст. На повикот објавен од Фондот за иновации и технолошки развој се пријавиле 236 компании.
Претходно премиерот Зоран Заев на Фејсбук страната на Фондот за иновации објави :
„Особено сум горд и задоволен од одличните резултати од овој прв јавен повик на #ФИТР кој покажа дека се надминати очекувањата, а компаниите аплицирале со исклучително квалитетни проекти, напиша Заев.