Пратениците ги усовоија законските измени со кои патните трошоци од 30 се намалија на 20 проценти за литар бензин по изминат километар. Решението беше подржано со 76 гласови за и еден воздржан.
Согласно измените,на пратениците им се овозможува и надомест за закупнина на стан во Скопје. Конкретно, на пратениците кои живеат подалеку од 100 километри од Собранието, им се остава и можноста за закуп на стан, со право на надомест за само четири патувања месечно од и до нивното место на живеење, за да може да контактираат со гласачите.
Законот помина без дебата и за него гласаа и пратениците од опозицијата.
Намалувањето на патните трошоци доаѓа по притисокот на јавноста поради високите суми што се одлеваа од буџетот за патувањето на пратениците, кои кај дел од пратениците се движеа и до над 10.000 евра за половина година.