Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села рече дека го поддржува Договорот со Грција, но и дека Алијансата за Албанците при отворањето на Уставот ќе има свои амандмани со кои ќе бара подобрување на договорот.
„Во делот на патните исрави каде стои Македонци/ граѓани на Северна Македонија, ќе бараме за Македнците да биде така, а за Албанците да стои Албанци/ граѓани на Северна Македонија и така за сите народи кои се набројани во преамбулата. Преку процесот на уставни измени ќе бараме во преамбулата сите народи да се чувствуваат еднакви. Треба да покажеме европски ставови. Носител на суверенитетот се сите народи и граѓани и тоа треба да се отсликува. Алијанса за Албанците ќе интервенра во делот на Уставот за службените јазици. Поради истите принципи за кои се настојуваше да се брани македонскиот јазик во преговорите со Грција, според исти принципи имаме право да го браниме нашиот јазик со име и дефиниција. Тој не е различен од македонскиот јазик, туку е албански јазик и тоа треба да биде отсликано во уставот“, рече Села.
Села смета дека неговата партија е вистинската опозициска партија чиј претставник требаше да присуствува на лидерските средби и да има свој член во ДИК, а не крилото на Беса на Билал Касами.