СЈО ќе ги истражува сомнежите за злоупотреба на службената положба при згаснувањето на весниците сопственост на групацијата МПМ, односно „Вест“, „Утрински“, „Дневник“, „Теа модерна“ и други.
Се истражуваат наводи од една од „бомбите“, односно злоупотреба на функциите на тогашните први луѓе Срѓан Керим и Јана Станисављева.
Се прават проверки за евентуален економски криминал, по поднесена кривична пријава од ССНМ. Се проверуваат финансиските исплати во време кога весниците згаснуваа поради наводна финансиска криза.