ВИДЕО – ВМРО –ДПМНЕ : Локалната власт во Прилеп нема слух за маката на земјоделците, тие мора да бидат 100% обештетени

На погубната политика како на централно, така и на локално ниво, и нема крај. СДС покажува дека освен задоволување на апетитите на своите најблиски, преку делење на тендери и урнисување на македонскиот идентитет, нема што друго да им понуди на граѓаните. По големото невреме со кое беа уништени речиси 300 хектари со најразлични култури, се чини дека локалната власт нема слух за маката на земјоделците. Потенцираа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Прес конеренцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Веднаш после невремето градоначалникот Јованоски со дел од локалната самоуправа излезе на терен, каде што на земјоделците им даде ветување со вообичаената ЌЕ реторика. Но како и досега, на овие празни зборови им недостасуваат дела.

 

Советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ, излезе со барање за одржување на итна седница на која би се одлучило за целосно обештетување на земјоделците. Ваквото наше барање наиде на негодување од локалната власт, која реши на вчерашната седница да стави посебна точка околу надминување на овој проблем.

 

И не само што немаше итна седница, туку и оваа точка беше тргната од дневен ред. Со ова земјоделците, истите оние на кои им беа предизборно ветувани разноразни придобивки, беа оставени на милост и немилост во овие тешки времиња кога поради невремето, е доведена во прашање нивната егзистенција.

 

Не е доволно општината со помош на министерството за земјоделие да издвојат само средства за делумно решавање на овој проблем. Не е доволно комисијата за проценка на штети да ја сработи својата работа, а земјоделците накрај да бидат заглавени низ правни процедури. Во никој случај нема да биде доволно истите да добијат обештетување од некои 10 до 20%. Истите треба и мора да бидат 100% обештетени! И мора што побрзо да се надмине овој проблем затоа што со секој изминат ден штетата станува се поголема.

 

Ова е време кога од фондот за иновации се фрлаат милионски суми на новоформирани фирми блиски до власта, време во кое не може да помине ден а народот да не сведочи за некој скандал поврзан со Локвенец, Анѓушев и нивниот ментор Зоран Заев.

 

Прилеп е на колена. Уништен е јавниот градски превоз, парковските површини, детските игралишта, уништено е се’ што вредеше, а СДС го наследи од претходната власт предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Затоа мора да се стави што поскоро крај на оваа погубна политика. И наместо да излегуваат со празни соопштенија од владеачката партија, да ги засукаат ракавите и конечно да почнат да ги решаваат проблемите на граѓаните!“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien