Јованоски : Со правилно менаџирање на ЈКП „Комуналец“ враќаме стари долгови, се зголеми продуктивноста и има нови инвестиции

Поминаа 6 месеци од моето назначување за в.д. директор на ЈКП „Комуналец“. Во ова шест месечно работење на Јавното претпријатие доставени се два квартални извештаи до Советот на Општина Прилеп, кои се усвоени на одржаните седници. Но, ред е да дадеме отчет пред граѓаните од општинава, за кои вршиме и најголем број на услуги и од чии пари се финасираме. Истакна на денешната прес конференција Ѕвонко Јованоски, в.д. директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Почитувани граѓани, со моето назначување за в.д директор на 30.12.2017 год. и отпочнувањето со раководење на Комуналец  ја наследив следнава состојба:

 

Претпријатието имаше 372 вработени, од кои, повеќето незадоволни заради  неисплатените додатоци на плата како К-15, јубилејни награди, нередовната исплата на плата, која во одредени години им доцнела и по два месеци, а се исплаќала на крајот во месецот.

 

Наследив обврски по разни основи во вредност од околу 1 милион евра, или поточно 55.000.000 ден.

 

–  25.330.000 ден. старо репрограмирано ДДВ

–  2.400.000 ден. неисплатено ДДВ за 2017 год.

–  800.000 ден. камата за доцнење на исплатата на ДДВ за 2017 год

–  1.000.000 ден. земен аванс од фирма наш соработник за исплата на плата

–  24.500.000 ден. обрски кон наши добавувачи (220)

–  600.000 ден. казна

 

или вкупно :

____________________________

54.680.000 ден.

 

Воедно, наследив стар дотраен возен парк со прсечна старост од 24 години и ова е еден од најтешко решливите проблеми во собирањето и транспортирањето на отпадот, за да можеме непречено да ја остваруваме и нашата основна дејност.

 

Со моето доаѓање наследив и еден мегаломански проект, изградба на хала за секундарна селекција на отпад, која вредност сеуште не е исплатена и со сериозни забелешки за нејзината економска исплатливост. Но, за ова ќе бидете поконкретно известени на некој нареден прес.

 

Во овие 6 месеци, менаџерскиот тим и сите вработени ги засукавме ракавите, почнуваќи со чесно, домаќинско, одговорно и реално работење.Обрнувајќи најголемо внимание на секој потрошен денар, а со тоа, дојдоа и првите резултати.

 

Сите непродуктивни трошоци како: репрезентации, службени патувања, дневници за службени патувања, трошоци за реклами, трошоци за исплата на  непотребни камати, адвокатски и судски трошоци, се минимално намалени, односно сведени на нула.

 

 

 

 

Екипите за Премер и контрола во овие 6 месеци беа на терен и по извршените контроли и премер, Комуналец, има нови приходи под кров од 41.668 м2, и под двор од 57.377 м2.

 

Ја зголемивме и селекцијата на хартија, пет амбалажа и најлон, со што, обезбедивме повисоки приходи во однос на минатогодишниот квартал за 670.623 ден.

 

Се зголемија и фактурираните и неплатените услуги на Комуналец кон граѓаните и фирмите во рамките на нашата дејност, како подигање на градежен шут, технолошки и индустриски отпад.

 

Наплатата која беше добра и се движење до 90%, ова полугодие ја зголемивме за дополнителни 5%. Во моментов имаме 95% наплата на сметки или повеќе собрани пари во вредност од 562.625 ден.

 

Сето ова резултира со зголемени приходи  во сите дејности, а овие  приходовани парични средства  ги искористивме во повеќе намени:

 

  • Го исплативме заостанатото ДДВ од 2017 год. во вредност од 2.400.000 ден. и камата за нередовно плаќање од 800.000 ден.
  • Тековното ДДВ за 2018 год. од 4.365.200 ден. и данокот од добивка во вредност од 1.640.020 ден. за 2017 год. се навреме исплатени, без задоцнување и без плаќање на казнени камати што било практика.
  • Обврските кон добавувачите кои на 31.12.2017 год. изнесуваа 24.477.000 ден. на 31.03.2018 год. се намалија на 22.381.562 ден, додека пак до 30.06.2018 год. изнесуваше 21.177.758 ден. Денес на 31.07.2018 год. се 17.613.239,оо ден.

 

По 10 години се исплатени дел од додатоците од плата за вработените и тоа:

 

-3.130.104 ден за К-15  ( Регрес за годишен одмор)

–    550.640 ден. за јубилејни награди

– 1.451.013 ден. отпремнина за пензионери

или вкупно по овој основ сме исплатиле  5.131.757 ден.

 

И покрај сите овие  вратени стари долгови, ЈКП „Комуналец“ во овој шест месечен период издвои средства за инвестиции во вредност од 2 милиони денари, од кои набавивме нов трактор, канти за примарна селекција на  отпад,  контејнери за отпад од 1 и 5 м3, косилки, комјутерска опрема, канцелариска опрема и мебел и бушење на нови бунари за потребите за парковите.

 

 

 

 

 

 

Комуналец, има во моментов 350 вработени, кои редовно земаат плата, најдоцна до 10- ти во месецот и навремена исплата на сите обврски кон нив.

 

Со ваков принцип на правилна распределба на финансиите ќе продолжиме и понатаму, со цел да исплатиме се што е задоцнето. Ова беше најтешкиот почеток,  продолжуваме понатаму во делот на инвестирањето во возен парк и во селекцијата на отпадот.  При крајот на годинава ќе ги направиме и најголемите напори, вработените да добијат нови простории за работа, зашто сегашните услови  кои ги имаат вработените се повеќе од мизерни, за луѓе кои го опслужуваат целиот град, а немаат ниту елементарни услови за работа за нив.

 

Ние, како Комунално претпријатие кое работи во интерес на граѓаните, со дејност од јавен интерес, ќе покажеме дека со правилно менаџирање на финасиите, основните средства, и правилана поставеност, работа и корекност од сите вработени, Ви благодариме што не разбирате, не подржувате. Наша задача е да работиме, создаваме, Ве услужуваме и ги подобруваме секојдневно услугите,  за кои не плаќате Вие ,почитувани сограѓани.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien