Од 1 јуни откако е започната кампањата „На секое дете му треба семејство“ за згрижување на деца биле заинтересирани 270 семејства. Кампањата досега поминала низ 28 градови, а вечерва се презентираше пред прилепчани на просторот околу Градскиот Саат. Организатори се Министерството за труд и социјална политика и УНИЦЕФ, а целта на кампањата е да се покаже дека само семејно опкружување е добро за развојот на децата, а не нивна институционализација.
Во Прилеп досега 20 семејства имале згрижено 34 дечиња, а во план било наскоро да се отворат и два мали групни домови.
Дел од згрижувачите на овие дечиња го објаснија нивното искуство околу оваа проблематика и порачаа секој кој е во можност да згрижи барем едно вакво дете, затоа што љубовта која ќе ја добие за возврат била незаменлива.
Според министерството зас труд и социјална политика целта била до 2020 година од 0 до 3 годишна возраст да нема дечиња згрижени во институции.
Погледнете дел од изјавите и атмосферата од овој настан во Прилеп.