Полицискиот синдикат: Летото го минавме со избледени капчиња и со по една кошула

Facebook
Twitter
Email
Print

Ако лицето на полицијата е лицето на државата – тогаш нашето лице е изнемоштено и исплашено, со вакви пораки излегоа денеска од независниот синдикат на полицијата, револтирани што надлежните немаат слух за нивните барања. Информираа дека МВР 10 години нема набавено нова униформа за полицијата и се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да шетаат во стара и искината униформа.

 

Од Министерството за внатрешни работи побараа одговори – која е вистинската причина што тендерот за нови униформи неколкупати се поништува.

 

„Веќе неколкупати се поништуваат тендерите за набавка на нови униформи и кај нас почнува да се јавува сомнеж дека тоа се прави свесно за да не се изврши набавката. Неколкупати Министерството излегуваше со конкретни датуми за набавка на нова униформа, но ниту еден не беше испочитуван. Бараме од Министерството веднаш да набави нова униформа по основ на итна и неодложна потреба, бидејќи летото го минавме со по една кошула, но за зимата не знаеме што ќе правиме“, вели претседателот на синдикална подружница на НСП, Мартин Ефремов.

 

Тој исто така истакна дека со воведувањето на 7-часовното работно време за полицијата се јавува нов проблем бидејќи со оваа одлука се кршат Законот за работните односи и колективниот договор.

 

„Полициските службеници се ангажирани на работа буквално секој ден, а често и по двапати во текот на денот. Правото на неделен одмор е целосно скратено, а приватниот живот речиси е невозможен. Невозможно е дури и да се испере она парче униформа што го имаат сочувано“, рече Ефремов.

 

Претседателот на Независниот синдикат на полицијата Гоце Тодев Делчев изјави дека од страна на синдикатот досега биле направени неколку обиди за институционално решавање на проблемите на вработените во Министерството, но оти засега само делумно наишле на разбирање.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи