ВИДЕО – Целата стара чаршија во Прилеп играше во ритамот на латино музиката

Со звуците на латино музиката, синоќа на Јавниот Простор околу Градскиот Саат бројните посетители се забавуваа со ѕвездите на вечерта: латино – мајсторот DJ DEJAN PETE, конгите на Дуко, Kango Club Dandelion Dance – Prilep и Meta Computers.

 

 

Како и претходните фантастични ноќи на евергринот и ритамот на 80-те така и оваа жешка забава беше организирана од сега веќе препознатливиот Јавен Простор Прилеп. Освен забавниот карактер настанот повторно имаше хуманитарен карактер – донирање на средства за набавка на клима уред за штитениците на Центарот за деца со попреченост. За тоа се погрижија и новите пријатели на Јавен Простор, Витаминка кои донираа ранци полни со изненадувања. Се собраа вкупно 13.000 денари.

 

На третата градска забава прилепчани уште еднаш покажаа дека знаат добро да се забавуваат од 7 до 77 годишна возраст, сите распеани и разиграни со среќни, ведри, насмеани лица за што освен жешките, возбудливи звуци на латино ритамот придонесоа и визулните светлечки ефекти.

 

Благодарение на Јавен Простор повторно почна силно да се слуша отчукувањето на срцето во старата прилепска чаршија – душата на градот.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи