Шест члената екипа на Планинарски Клуб „Мамути“ од Прилеп и Лејди Фит се искачија на врвот Триглав. Стартна точка им била „Алајжаев дом“. Патеката што ја одбрале за движење била и најтешката патека попозната уште и како „Томиншкова пот“.
„Се движевме по доста јаки успони низ многу ферати и ризични делови. Крајната цел за првиот ден беше домот „Кредарица“ кој се наоѓа на надморска висина од 2.515м. до кој стигнавме после 6 часовно искачување на карпестиот дел. На 19-ти август во 6:30 часот екипата тргна за искачување на врвот по ферата од каде ние беа потребни околу 2 часа. Целата екипа добро се справи со сите овие предизвици кои ни ги приредија Јулските Алпи и врвот Триглав 2.864 м.н.в“, велат од ПК „Мамути“ Прилеп.
Наредна тура на П.К. „Мамути“ ќе биде на на 08-09.2018 во соседна Бугарија на Пирин планина каде ќе се искачуваат четири врва мала, средна и голема „Тодорка“ и третиот врв по висина на Балканот „Вихрен“ 2.914 м.н.в.