Американската армија во Европа смета дека за време на вежбите на воениот полигон Криволак, Македонија, тие вежбале заедно со „северномакедонските војници во Северна Македонија“.
На официјалниот Јутјуб канал на американската армија во Европа вчера беше објавена информацијата дека на воените вежби на воениот полигон Криволак војската на САД работи на подобрување на интероперабилноста со северномакедонските војници. Денес видеото веќе е отстрането.
Реакција од Министерството за одбрана засега нема.