По вчерашниот објавен статус на Фејсбук, во кој потенцира дека „Со влегувањето на Република Македонија во ЕУ ќе имаме повисок животен стандард, бидејќи о влегувањето во ЕУ се приклучуваме на пазарот од 500 милиони потрошувачи, што значи зголемен извоз и економски раст“, премиерот Зоран Заев денес објави свој став поврзан со македонскиот јазик.
Заев го откри слоганот под кој ќе оди кампањата на власта за поддршка на референдумот и договорот за името со Грција. Под мотото „Во ЕУ ЗА“ од граѓаните се бара да го заокружат одговорот што ќе ја внесе Македонија во ЕУ и во НАТО.
„Македонскиот јазик ќе биде официјален во Унија од 500 милиони жители. Со зачленувањето во ЕУ, сите официјални комуникации меѓу Република Македонија и земјите членки од Европската унија ќе се водат и преведуваат и на македонски јазик, како официјален и признаен на територијата на која живеат половина милјарда жители“, пишува претседателот на владата.