Австралиски параглајдерист кој престојувал во Крушево хоспитализиран со симптоми на маларија

Австралиски параглајдерист кој живее во Германија пред неколку денови бил хоспитализиран на инфективната клиника во Скопје со симптоми на маларија. Претходно параглајдеристот престојувал и летал во Крушево.

 

Неофицијално дознаваме дека во понеделникот состојбата му се искомплицирала и од крушевската болница е пренесен во општата болница во Прилеп, од каде повторно се враќа во Крушево. Во вторникот е пронајден во тешка состојба во Крушево од каде е препратен во Скопје.

 

Според информациите од Инфективната клиника во Скопје тој најверојатно болеста ја добил во Никарагва, каде претходно престојувал, но засега ништо сеуште не е потврдено.

 

Ова заразно заболување не се пренесува од човек на човек, пренесители се единствено инфицираните комарци. Во Македонија последнава деценија се регистрираат само увезени случаи на маларија, во просек 4 до 6 годишно, кои работеле или живееле во земји во Африка.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи