Почина актерот Ванчо Петрушевски

Facebook
Twitter
Email
Print

Ванчо Петрушевски, еден од  доајените на македонската глума, почина денеска на 67-годишна возраст. Струен удар е причина за смртта на големиот актер, за пошироката публика незаборавен по улогата на Рамче.

 

Настанот се случил денес, во неговата викендица во Орешани, каде живеел во летните месеци. Полициските екипи моментало биле присутни на увид на самото место, а од МВР велат дека се уште не можат да откриваат детали, бидејќи увидот е во тек.

 

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“. Тој учествуваше во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии и слично и зад себе остави големо наследство.

 

Петрушевски беше еден од најпрепознатливите глумци на нашата сцена, кој беше неуморлив и по пензионирањето.Од „Пресуда“, преку „Диво месо“, па сѐ до „Солунски патрдии“, „Среќна Нова ’49“, „Опстанок“, „Хихируку“, „Погрешно време“, Македонските народни приказни и многу други проекти, Ванчо Петрушевски со секоја нова улога одново и одново ја освојуваше публика.

 

За својата неуморност тој има добиено и голем број награди, меѓу кои во 2016 година и  Државна награда 11 Октомври за остварување во областа на уметноста и културата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи