ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Локалната власт во Прилеп е тотално неспособна и е во хибернација, нема реализација на ветените проекти

Во текот на вчерашниот ден Советот на Општина Прилеп ја одржа својата 18 седница. При тоа граѓаниите конечно ии на хартија ја видоа неспособноста на оваа локална власт. Кварталниот извештај кој советниците од СДСМ сами си го изгласаа зброува дека процентот на реализација на капиталните инвестиции од ветеното пред граѓаните изнесува катастрофални 11.62%. Истакнаа на дешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Бројка која црно на бело го потврдува сето она за што зборувавме во изминатиов период. Оваа локална власт е во хибернација и во длабок сон. Мегаломанските проекти кои ги ветија пред граѓаните останаа само празно слово на хартија и ништо повеќе.

 

Нивната неспособност, неработење и неажурност се целосно видливи. А секоја манипулација е прочитана од прилепчани.

 

Ако за претседателот на Советот оваа бројка е паушална и невистинита за тоа постои доказ, па граѓаните сами ќе оценат што е вистинито.

 

Единствено нешто што е паушално е вашето ветување за изградба на затворен базен во салата Македонија, ветување за изградба на нов театар, за 20% пониски сметки за вода за пиење, спортски центар на вештачкото езеро и итн.

 

Прилепчани го паметат сето тоа и токму за тие ветување ии ви ја дадоа довербата. Измина речиси една година од вашето владеење, а освен вработувања на партиски послушници, роднини и пријатели ништо не променивте.

 

Затоа во првата наредна прилика прилепчани ќе го казнат ова расипништво и тромавост. Прилеп заслужува многу повеќе. А вие докажавте дека сте немоќнии да го понудите тоа“

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи