На шеесет и три годишниот С.Ј. од крушевското село Норово му била причинета материјална штета од околу 15.000 евра во големиот пожар кој вчера го зафатил неговиот имот, при што изгореле околу 600 бали со тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали со сено и слама, трактор „ИМТ 542“ (делумно изгорен), патничко моторно возило „Голф 2“ и патничко моторно возило „Фиат Пунто“, а на куќата биле испукани стакла од два прозорци.
„Во 19,00 часот пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Територијалната противпожарна единица-Крушево и Територијалната противпожарна единица-Кривогаштани. Со изгореници на рацете и телото се здобиле С.Ј. и неговата снаа Џ.Ј.(35), кои се обидувале да го спасат тракторот. На истите им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп, по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од Полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.