На само неколку денови пред почетокот на новата учебна година, уште еднаш, како во изминатите неколку години, ќе бидеме дел од подготовките за новата учебна година, за повеќе семејства и дечиња од нашиот град. Истакнаа денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Прилеп.
Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.
„Социлајдемократскиот сојуз на Македонија е одговорна партија и кога е во опозиција и кога е на власт. Така во организација на Општинската организација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од Прилеп, ја спроведуваме хуманитарната активност доделување на школски прибор и училишни ранци на деца од семејства во социјален ризик, повеќедетни семејства и семејства кои што имаат дечиња со попреченост.
А целта е, да им се олесни почетокот на учебната година, како и да им оддадеме внимание, водејќи се од принципот достапност и квалитетно образование на секое дете. На сите дечиња им посакуваме успешен почеток на новата учебна година со желби за успех и напредок“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.