Вработените во прилепски Еурокомпозит се закануваат со нови протести пред Влада доколку не се реши проблемот со технолошкиот вишок на околу 130 вработени. Велат дека состојбата во фирмата постојано се влошувала, скоро и да немале повеќе работа, а сметаат дека ништо не се превзема компанијата да се продаде на странски инвеститор до почетокот на октомври како што им беше ветувано.
„ Состојбата во нашава фирма се повеќе се влошува, а никој ништо не презема. Во Скопје бевме договорени дека во рок од 3 месеци, или до почетокот на октомври ќе го решат проблемот на 130 вработени и дека редовно ќе земаме плата, ќе се најде странски инвеститор и дека конечно ќе се реши нашиот проблем. За жал од тој договор успеавме да ги земеме тие 30.000 денари што ни ги ветија, со кои не го решаваме нашиот проблем. Мислиме дека со технолошкиот вишок не се започнати уште ни Владата, ни фирмава или не знаеме каде е кочницата, вежно досега луѓето требаше да заминат во технолошки вишок и да влезат во законот за стечајци, но до денес тоа не се случи. Ние имаме неколку писма пратено до Владата, бараме одговор што се случува и дали се работи. Тие секогаш ни кажуваат дека се работи на тоа, но сите знаат дека за технолошки вишок не може да се замине преку ноќ, туку тоа е процедура од два до три месеци. Значи досега тие ако ја почнаа таа процедура, луѓето ќе си заминеа и ќе чекавме само да влезат во законот. Последниот разговор што го имавме со претставници од Владата, ни кажуваат дека сите што ќе заминат за технолошки да ги обештети фирмата. А знаете сите дека нашата фирма е во тешка ситуација и не може да извадиме ни за плата, а не да ги обештетиме тие луѓе што ќе заминат. Во моментот немаме договор никаков, сите договори што ги имавме се завршени. Бараме од страна на министерствата да се пратат некои договори за да се работи, никаква работа немаме засега. Нешто има да се довршат некои ситници, но тешка е состојбата. Со решавање на технолошкиот вишок мислевме дека ќе се намалат работниците и со неколку договори од страна на Владата редовно ќе се зема плата, или тие како што ни ветуваа со продажба на фирмата, со помал број на работници дека ќе се реши проблемот. Е сега во кого е проблемот, не знаеме“, рече Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на Еурокомпозит.
Во Еурокомпозит моментално има 260 вработени. Според СИЕР впечатокот бил дека компанијата била повторно оставена сама на себе и никој не им кажувал што точно се случува. Ништо не било тргнато од мртва точка од последните ветувања на Владата.
„За да се реши проблемот во 11 Октомври, како многу пати што е кажано досега има три работи: да се најде стратешки партнер, да се ослободи фирмата од прекубројните работници кои не се ангажирани и се постојано на принуден привремен одмор и немаат ангажман и на крајот да се зема редовно плата со здравствено и пензиско осигурување. Од сето ова иако повеќе пати синдикатот имаше контакти со претставниците на Владата, имаме впечаток дека досега воопшто ништо не е започнато да се решава. Ветувањата е дека се работи нешто, но очигледно е дека ова што се напомена дека технолошкиот вишок може преку ноќ да се реши, но не може ни да се реши доколку се остави фирмата да ги обезбеди фирмата. Фирмата нема ни работа, нема ни пари, нема ништо, така да абсурдно е да се разговара за технолошки вишок доколку не се обезбедат пари од газдата, практично од државата која што е сопственик на фирмата. За другите работи немаме податоци дали се работи, дали се бара стратешки партнер, дека има тендер за да се бара такво решение, така да вкупниот впечаток и загриженост е дека не е тргнато од мртва точка и затоа ова денес е еден вид на апел за да се почне со реализација на сите тие активности, а тоа може да го направат само тие кои што раководат со фирмата, значи одборот на директори, управниот одбор кој досега воопшто не знаеме дали реагира, дали се состанува, дали работи нешто, и нормално газдата на оваа фирма. Ако не тие не почнат да ги решаваат работите, работниците можат само да штрајкуваат и ништо друго не им преостанува“, вели Лазе Ангелески, претставник на СИЕР.
Вработените велат дека се чувствуваат измамени од државата по кој знае кој пат. Се жалат и на тоа дека Одборот на директори не сакал да се сретне со нив.
„На два месеци ни дојде како редовно по еднаш во месецот штрајк. Сето тоа се случува бидејќи сме измамени. На повеќе наврати од Владата сме имале ветување дека за два-три месеци ќе го решат нашиот проблем. Ние упорно им кажуваме дека проблемот се решава само со отпуштање на тие 130 души, меѓутоа никој не сака ни состанок со нас, особено одборот на директори. Јас се прашувам зошто постојат тие одборот на директори. Значи четворица се во тој одбор на директори, не знам дали треба да го бранат општествениот капитал или треба да го распарчуваат. Затоа се поставени, не знам која е друга нивна функција и еве еден апел, би ги замолил да дојдат и да видат од фирмава од која што земаат плата, сигурно над просечната плата, 18.000 денари земаат секој поединечно од тој одбор на директори, а два пати годишно немаат стапнато во фирмава да видат што се случува. Нашите следни чекори не можеме да ги предвидиме затоа што од работниците едни притискаат да се оди пред влада, да се протестира и се додека не се реши овој проблем мислиме да не остапуваме. Значи парите не се проблем, гледате дека на два – три наврати со тие протести ни обезбедија плата, меѓутоа ние бараме трајно решение. Зедовме 30.000 денари што ни ги вети Анѓушев, значи зедовме уште една плата од тие 11 милиони што ги зедовме како позајмица и тоа е. Во однос на материјалните средства си опстанаа на зборот од Владата, меѓутоа за технилошкиот вишок се осеќаме излагани и затоа ги преземаме овие чекори како апел до Владата, значи се додека не видиме нешто позитивно дека нешто се решава, мислиме да одиме во среда-четврток пред влада и се додека сме таму ги решаваат проблемите на брзина. Кога ќе заминеме, како да не забораваат и како да не постоиме. Од 260 одговорно тврдам дека од 100 повеќе никој не работи. Сите другите се режиски работници и тоа го предлагаме две-три години како синдикална организација, досега проблемот ќе беше решен, но никој не сака да не слушни, особено одборот на директори. Значи не сака средба со нас, ние сме сите по 35 години стаж. Единственото решение ние тврдиме дека е тоа“, истакна Цветан Бунтески, член на синдикален одбор.
Вработените велат дека повеќе немало да има отстапки од нивните барања и бараат крајно решение на проблемот.