И денеска активно се работеше на затрупување на фонтаните на улицата „Димо Наредникот“ во Прилеп. Овој чин на ЈКП „Комуналец“ предизвика голем револт кај прилепчани затоа што со него се уништува едно преубаво катче во градот. Граѓаните велат наместо да се градат нови работи и да се одржуваат веќе постојните кои се изградени со народни пари тие се уништуваат.
Погледнете како изгледаше денешното работење на овој простор.