СДСМ : Езерцето во „Ѓогдере“ и фонтаната на „Димо Наредникот“ биле изградени без да се земе во обзир безбедноста на децата

Криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Марјан Ристески,  цели 12 години ги игнорираше гласот и потребите на граѓаните. За ВМРО-ДПМНЕ побитни беа тендерите што ги добиваа само неколку фирми блиски до „дил ориентед“ функционерите од локалната самоуправа, отколку исправноста на проектите што по секоја цена беа спремни да ги реализираат. Велат во денешната реакција од ОО СДСМ Прилеп, на прес конференцијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Езерото во паркот во населбата Ѓогдере, којшто со средства од Општина Прилеп го градела кумовската фирма „Новоградба“, како и фонтаната на улицата „Димо Наредникот“  биле изградени без да се земе во обзир безбедноста на децата и противењето на сите станари од околните згради.

 

Очигледно, како и со се друго што правела власта предводена од Марјан Ристески, и во овој случај не се водело сметка за правилата и прописите, па дури ниту за безбедноста на најмладите, освен за интересите на неколку фирми и поединци.

 

Затоа, новата локална власт, во разговор и по претходно писмено барање на граѓаните, интервенираше и започна процес за уредување на овие локации со тревна и цветна површина.

 

Граѓаните добро паметат дека криминалната власт на ВМРО-ДПМНЕ ја урна фонатаната на градскиот плоштад што беше изградена со средства од КФВ банката.

 

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ ја урна и „Лав“ фонтаната кај градскиот саат, како и „Тоблероне“ клупите на градскиот плоштад, без да помисли дека се изградени со пари од граѓаните и дека може да се доуредат, а не да се рушат.

 

Личните и лукративни интереси се длабоко вградени во матрицата на ВМРО-ДПМНЕ, далеку пред интересите на граѓаните. Тоа се покажува и денес кога ВМРО-ДПМНЕ нема став за иднината на Македонија во НАТО и ЕУ.

 

Но, затоа граѓаните имаат став и избираат иднина, а не небиднина. На 30-ти септември ја потврдуваме европската иднина за Прилеп и Македонија“, велат од ОО СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи