ВИДЕО – „Еурокомпозит“ од вчера е без струја, вработените најавуваат нови протести пред Влада во вторник

ЕВН од вчера ја исклучи струјата во прилепски во „Еурокомпозит“ поради неплатен долг, кој неофицијлано изнесува окјолу 100.000 евра. Вработените се испуштени дома и велат дека немаат повеќе работа. Поради целата оваа ситуација и нерешениот проблем со прогласувањето на технолошки вишок на 130 вработени, синдикатот денеска најави нови протести со шатори пред Влада во вторник.

 

 

„По последниот прес кој го одржавме во понеделникот од страна на Владата нема никаква реакција. Ние постојано ги опоменувавме дека ќе дојде до ваква ситуација, тоа и се случи. Вчера ни ја исклучија струјата за заостанат долг. Долг кој го направија претходните директори, пред да биде сегашниов директор поставен, тие направија огромна сума и не платија ниту една сметка. Нашите работници се сите дома, работа немаме никаква и поради тоа сме приморани од вторник да одиме пред Влада и повторно да протестираме. Датумот за плата не е дојден, околу 15 земаме плата. Овој пат ќе одиме во Скопје исклучиво за решавање на проблемот со Еурокомпозит. Тие повторно можи ќе ни ветат некоја плата, но нема да го решат нашиот проблем. Бараме да се реши проблемот со технолошкиот вишок, заостанатите плати и придонесите. Најболни се придонесите. 6,5 години не се исплатени придонесите, луѓето кои заминуваат во пензија земаат 3 до 4.000 денари помала пензија поради тие придонеси“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикат.

 

Разочарани се од тоа што иако во понеделникот одржаа прес за своите проблеми, од Владата до денес никој не ги исконтактирал.

 

„Во февруар на една од средбите со Анѓушев беше ветено дека за 6 месеци ќе се реши проблемот и со продажбата, со заостанатите плати и технолошкиот вишок дека ќе биде решен до април. На жалост ништо не е решено до денес. Одржавме состанок на кој заклучивме дека нашите стравувања кои ги изнесовме во понеделникот се остварија. Од денес во фабриката е исклучена електричната енергија, немаме скоро никаква работа, немаме здравствено осигурување и крајно е неизвесно дали до 15 ќе земеме плата. Немаме информација дали нешто воопшто се работи околу технолошкиот вишок и продажбата на фирмата“, рече Пеце Вељаноски, член на синдикален одбор.

 

Директорот на Еурокомпозит, Златко Граороски, не сакаше да каже повеќе детали околу актуелната ситуација, телефонски ни кажа дека само тоа дека струјата ќе била пуштена денес или утре, а за технолошкиот вишок надлежна била Владата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи