Австрискиот канцелар Себастијан Курц ги повика граѓаните да излезат на рефeрендумот и да го подржат Договорот со Грција, а со тоа и евроатлантската перспектива на земјата.
На заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев, Курц го поздрави компромисот за името и кажа дека решавањето на ова прашање е шанса за Македонија, за европската динамика. Но, нагласи дека одлуката за гласањето на референдумот е на секој поединец.
„За Македонија решавањето на спорот за името претставува голема шанса, но и за целиот регион. Би сакал граѓаните на Македонија да ги поканам да учествуваат на овој референдум и да се изјаснат „За“ решавање на спорот за името и за европската перспектива. Секако тоа е одлука на секој поединец и не е мое да одлучувам за друг, но како пријател на Македонија кој доаѓа од земја членка на ЕУ сметаме дека ке биде позитивно ако има голем одзив и позитивен исход на референдумот“ кажа Курц.
„Австрија е најважниот инвеститор во Македонија но и пријател на Македонија и освен тесна економска соработка не поврзува и човечко пријателство, а сакаме да живееме и во заедничка иднина“, додаде Курц.
Од 1 јули Австрија го презеде претседателството со Советот на ЕУ, за следниве 6 месеци. Мотото на нејзиното претседателство е „Европа што заштитува“.