ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира со граѓаните, кои барале да се изгради училиште на локација кај терминалот од ЈКП „Комуналец. Објектот кој не е целосно изграден, може единствено да се користи за магацин, реагираа од Општина Прилеп на денешната прес конференција од страна на ОК ВМРО ДПМНЕ Прилеп.
Реакцијата ви ја пренесуваме во целост.
Општина Прилеп го поддржува објективното, точно, вистинито и навремено информирање на јавноста. Затоа ќе потсетиме, дека темата „Училиште во населбата Сточно пазариште“, ОК на ВМРО-ДПМНЕ ја експлоатира по кој знае кој пат, најверојатно во отсуство на креативност во очи на претстојниот празник „Денот на независноста – 8 септември“, а во година кога Македонија сигурно чекори на патот кон НАТО и ЕУ.
Оттука да потсетиме и тоа дека, затекнатиот неизграден објект, т.н. училиште во оваа населба, може да се користи можеби најдобро за магацин. Зошто?
Затоа што, тоа и самите жители го бараа за време на изборната кампања за последните локални избори. ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира и денеска со граѓаните,кои барале да се изгради училиште на локација кај терминалот од ЈКП „Команалец“.
И затоа што:
-нема пристапен пат, изградено е во ливада, на 50 метри од речен канал, поголем ризик за ученици – нема,
-нема водовод, одвод, нема струја,
-просторот не е ограден,
-проектот е целосно згрешен,
-штетен, колку за Општината, толку и за граѓаните,
-не ги исполнува елементарните прописи за изградба на училиште,
-објектот затоа не е предаден од изведувачот!
Но, Општина Прилеп, изминативе 10 месеци од доаѓање на новата локална власт и градоначалникот Илија Јованоски, интензивно работи на отстранување на пречките, и наследените колку финансиски, толку и технички проблеми од претходната власт. И покрај тоа, тече процесот на инвестирање во сите сфери. Образованието како значаен сегмент е финансирано и со општински пари.
Од општинскиот буџет за реконструкција и санација на училишните објекти се одвоени 20.6 милиони денари. Од нив 6 милиони денари се наменети за средните, а 14.600.000 денари за основните училишта