По повод денот на Независноста на Македонија денеска во прилепско Небрегово во родната куќа на Блаже Конески беше промовирана 4-тата по ред книга „Како го читам Конески“, во која се сместени 30 искажувања на повеќе автори за творештвото и животот Конески.
„Книгата сметам дека претставува уште еден придонес кон проучувањето на делото на Конески. И на некој начин го афирмира неговото духовно присуство и денес во нашата средина и неговото значење во македонскиот културен живот и нашето културно постоење“, вели промоторот на книгата и универзитетски професор Максим Каранфилоски.
„Нема некој повиден лингвист кој не напишал нешто за Блаже Конески и како лиингвист и како поет. Конески е икона на македонскиот јазик, великан на македонската национална мисла. Јас во оваа книга која ја промовираме денес имам уводен текст под наслов „Блаже Конески наддржавен авторитет на своето време“, јас морав тој наслов да го образложам и кажав некои случаи каде Конески поби ставовии на државното и партииското раководство“, кажа Трајко Стаматоски, претседател на фондација за македонскии јазик „Небрегово“.
„Конески довикува, советува, укажува и на крај Конески забранува да се заборави она што е корен на Македонецот, а тоа е Македонскиот јазик, со кој и Свети Павле влегол ии не запознал нас како Македонци во оваа света земја. Поезијата од Конески ја сакам исто колку и Библијата, секојдневно ја читам иако ја знам напамет. Кога ќе ја прочитам секогаш откривам нешто ново, кое потоа го внесувам вов мојот стил на рецитирање“, истакна Мирјанка Ристески Селчанец, писател.
„Минатата година излезе мојата книга „Мојот професор пророк“. Со оваа книга доживеав 17 промоции. Но сакам да истакнам еден централен настан, а тоа е кога бев поканета во Солун да се промовира книгата на меѓународен саем, пред многу странци, писатели, поети и научници. Костас Валетас, најпознатиот грчки поет, одржа слово и на крајот заклучи штета е само што Конески не доби Нобеловата награда. Аплаузот од сите присутни беше голем. И навистина се радувава дека Конески продира повторно со една нова сила кај луѓето“, кажа Вера Стојческа Антиќ, универзитетски професор.
„Големиот Конески е значаен од многу аспекти и за него е многу напишано и допрва ќе се пишува затоа што неговото дело е огромно. Конески како поет може да се чита со срце и со душа, но пред се од него може да се земе знаење како учител, како филолог, научник и преведувач. Тој е еден од првите теоретичари на интертекстуалноста кај нас. И мислам дека секој кој е почитувач на македонскиот јазик и на сопствената книжевност прво треба да почне да учи од Конески, тој е букварот за нас“, потецираше Габриела Стојаноска Станоеска, м-р по книжевност.
Лингвистите и писателите порачаа како држава да посветиме поголемо внимание за зачувување на македонскиот јазик. Особено ако се земе превид фактот што се помалку има студенти кои се запишуваат на македонски јазик и книжевност.
„Тоа мора да се обнови, мора да се посвети внимание како што и кажав знмам одлични дипломирани студенти работат на несоодветни места, а не за тоа што се родени, науката и јазикот“, рече Вера Стојческа Антиќ, универзитетски професор.
Јазикот се брани сам од себе, јазикот го бранат сите говорители и додека има говорители ќе има и јазик. Јас сум оптимист, јазикот само може да се чува ако има добри услови на универзиитетите, факултетите, институтите и други институции. Ако им се дадат подобри услови да го развиваат јазикот понатаму“, вели Трајко Стаматоски, претседател на фондација за македонскии јазик „Небрегово“.
По повод празникот почит пред бистата на Конески оддадоа и повеќе претставници на Владата и Општина Прилеп.
„Тој е основоположник на современииот литературен јазик, мислам дека ова дело што е направено денес дава впечаток дека се што тој правел мора да се валоризира и да се прикаже за да може тоа да го следат и идните генерации. Се совпаѓа и она што се случува сега со јазикот, во денешницата кога сакаме тој ии иидентитетот да бидате признаени на светско ниво. Мислам дека дека ќе се вклопи со идеите и мислите на Блаже Конески“, кажа Илија Јованоски, градоначалник на Прилеп.
„Денес сме тука да оддадеме почит на еден од најголемите великани на македонската литература и се што е во наша моќ и како миниистерство и како Влада ќе направиме се со цел она што значи вресност македонска и во делот на јазикот, се разбира и во делот на целокупната македонска култура да овозможиме да го видат тоа граѓаните и да ја продолжиме историјата која Македонија ја има во изминатиов период“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.
„Пред 27 години се одлучивме да изградиме самостојна независна држава, денес сме соочени со една одлука таа сувереност да ја потврдиме уште еднаш и Македонија да стане рамноправен член на најголемите сојузи во светот, НАТО и ЕУ. Ја имаме таа историска шанса, и ја иимаме шансата не само Македонија да стане члена на ЕУ и НАТО туку борбата на македонскито народ да се оствари преку признавање и користење на македонскиот јазик на светско ниво“, истакна Дејан Павлевски, заменик министер за локална самоуправа.
Главниот иницијатор за изградбата на овој спомен дом на Конески уште еднаш порача куќата да биде внесена во редовните екскурзии на учениците и студентите.
„Како иницијатор за изградба на овој Спомен дом и како водич тука изминативе 13 години, моја жечба и желба на Заводот и музеј Прилеп беше оваа куќа да биде посетена од сите училишта во Македонија. Да го земеме приимерот тоа се случува во Германија со родната куќа на Гете или во Србија со родната куќа на Вук Караџиќ. Мојот сон е дека сите ученици и студенти од Македонија дека ќе го посетат овој Спомен дом“, вели Миле Спирковски, иницијатор за изградба на Спомен домот Блаже Конески.
По повод промоцијата на книгата се одржа и пригодна програма.