ВИДЕО – СДСМ: Ние, пензионерите да покажеме дека сакаме сигурна и безбедна иднина за нашите поколенија

Повозрасните повеќе пати докажаа дека знаат да носат вистински одлуки во клучни историски моменти, така треба да биде и сега. Затоа, ние пензионерите, во овие историски моменти за државата повикуваме на национално обединување околу стратешкиот интерес на Македонија да стапи во сојуз со најмоќните држави, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ, порачаа денес на прес конференција ОК СДСМ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

Македонија во минатото била исправена пред многу предизвици и секогаш избирала иднина.

Сите сме горди на Илинден, на АСНОМ, на Референдумот од 1991 година, како најважни историски моменти од борбата за нашата независност и државност.

Повозрасните повеќе пати докажаа дека знаат да носат вистински одлуки во клучни историски моменти, така треба да биде и сега.

Сега треба да покажеме дека сакаме сигурна и безбедна иднина за нашите деца, за нашите внуци и поколенија.

Имаме должност и обврска да обезбедиме подобар живот на идните генерации.

Затоа, ние пензионерите, во овие историски моменти за државата повикуваме на национално обединување околу стратешкиот интерес на Македонија да стапи во сојуз со најмоќните држави, како рамноправна членка на НАТО и ЕУ.

Да излеземе ЗА економски развиена Македонија со подобар живот на сите наши граѓани и за сите наши деца.

Да излеземе за европска Македонија со признат и заштитен македонски идентитет, неоспоруван повеќе од никого.

Да излеземе за безбедна Македонија со заштитени државни граници.

Никој повеќе да не се двоуми, секој глас е важен и потребен.  Да покажеме лична одговорност за иднината на државата, затоа што овој историски момент е поголем од сите партии и од сите наши лични интереси.

На 30-ти септември правиме нов историски и врвен патриотски чекор, гласаме ЗА европска Македонија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи