Денеска Советот на Општина Прилеп ја одржа својата редовна 19 седница на која беа изгласани повеќе точки. Освен усвојувањето на збирниот Извештај за проценетата штета на подрачјето на Општина Прилеп, настаната од невремето кое го зафати прилепскиот регион на 23.07.2018 година, Советот ги донесе и извештаите за работа на општинските основни и средни училишта за учебната 2017/2017 година, како и годишните Програми за работа на училиштата за учебната 2018/2019 година.
„Исто така, советниците формираа повремена комисија за утврдување на релации и цена на превоз на учениците од населените места до средните општински училишта во Општина Прилеп и обратно. Советот го усвои и тримесечниот извештај за финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“. И во ова јавно претпријатие продолжува трендот на позитивни финансиски импликации за работењето на јавните комунални претпријатија и тоа, како претседател на Советот ме радува, бидејќи трендот кои тие го воспоставија продолжува да се реализира во сите наредни квартали“, изјави Миле Талевски, претседател на Советот на Општина Прилеп.