Египјанец кој живее во Саудиска Арабија е уапсен , откако на Твитер се појавило видео на кое тој појадува со жена , покриена со ниџаб. Ваквиот појадок е забранет во Саудиска Арабија , каде дури и во рестораните за брза храна од светски брендови , мажите и жените седат одвоено .
Единствено е дозволено жена да седи со маж во ресторан , доколку и е татко , сопруг или брат.
Министерството за труд и општествен развој на Саудиска Арабија го осомничи Египќанецот за повеќе прекршоци, меѓу кои и „седење на место наменето исклучиво за Саудијци”.
Снимката трае 30 секунди, и на неа двојката се шегува за заедничкиот оброк на којшто никој друг не е поканет. „Најконтроверзната“ сцена следи на крајот, кога жената му дава залче храна на Египќанецот. Поради тоа, многумина Саудијци коментираа дека не тој, туку таа треба да биде казнета.